речник контакт

Четири дена високи вредности на ПМ 10 честички во градот, локалната власт со препораки до граѓаните

Од средата до сабота, четири дена во Велес воздухот беше со вредности на ПМ 10 честичкии над 100 мг/м3

Петар Печков

Изминатите денови, мерната станица  на Министерството за животна средина, за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух лоцирана во населба Тунел,  измери изразено високи среднодневни концентрации на ПМ 10 честички во воздухот. Локалната власт со информација дека е надминат прагот за информирање, што е законска обврска да ја информира јавноста.  

„Согласно последни резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 08 февруари со измерени 125,4 μg/m3 и 09 февруари со измерени 148,02 μg/m3. Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/05,  4/13 и 183/17) е надминат Прагот за информирање од 100 μg/m3“- соопштија од Општина Велес.

Но освен на 8 и 9 февруари, податоците покажуваат дека и на 10 и 11 имало вредности над 100 мг/м3 -141 и108 мг/м3. Во истиот период, од четири дена,  имало и високи часовни вредности на ПМ 2,5 честички, како и на чад.

Општина Велес  излезе и со препораки до  граѓаните.
-Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
 -Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено
-Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците
-Да се користи јавниот превоз
-Возила да не се користат без поголема потреба
-Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

Доколку има надминување на Прагот на алармирање  во текот на два последователни дена над 150 μg/m3 ќе бидат превземени дополнителни вонредни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана, порачуваат од локалната власт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »