Петар Печков
Објавено: среда, 10 септември 2014
Во рамките на акција ,,Здравје за сите - топлотен бран,, кога температурите се во портокалов фаза во текот на јули и август во центарот на Велес беше поставен здравствен пункт.
На плоштадот Сармаале дежурните екипи секој ден од 18,30 до 21,30 часот делеа здравствени совети и го мереа крвниот притисок на граѓаните. За овие два месеци 3.900 велешани се прегледале, или по просек 100-тина велешани на ден.
Имаше одѕив од граѓаните, тие масовно, во голем број ги користеа овие бесплатни услуги. Десет проценти од прегледаните констатирано е дека имале повишен крвен притисок. Дадени им се совети за како да се лекуваат, а некои веднаш биле испратени и на лекар – велат од ЈЗУ Здравствен дом
Оваа акција ја организираа Министерството за здравство во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Велеc.
Tweet |