Петар Печков
Објавено: вторник, 17 август 2010
Во четвртиот обид да се избере претседател на Основен суд Велес, се пријавиле четворица кандидати, за разлика од претходните овој пат нов име е судија кривичар додека тројцата останати се истите кои и претходно бараа доверба за најодговорното место во велешкиот суд, но не ја добија од Републичкиот судски совет.
Двајцата кандидати се од граѓанскиот оддел а еден кандидат суди стопански предмети. Бидејќи е летна ферија во судството, евентуалниот избор може да се очекува во средината на септември.
Новиот претседател со првата крупна задача со која ќе се судри е да се одблокира сметката на судот, поради која многу кривични предмети, со бројни притвори , чекаат да бидат сработени, а поротниците осум месеци немаат земено надомест.
Tweet |