Петар Печков
Објавено: сабота, 22 септември 2018
Четворица жители на неготинското село Криволак, нападнале четворица мигранти Индијци, им зеле пари и мобилни. МВР информираше за настанот.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.М.(26), Е.М.(22), Б.Е.(27)и Б.Р.(23) од село Криволак- Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. Четворицата во средата на 19-ти септември година околу 8 часот во близина на село Криволак, извршиле разбојништво над четворица мигранти од Индија. При тоа им одзеле 950 евра и четири мобилни телефони, по што побегнале - стои во информацијата на МВР.
Четворицата момчиња од Криволак биле изведени во Основен суд Велес, пред судија на претходна постапка и по барање на ОЈО Велес, изречена им е мерка на претпазливост
Tweet |