речник контакт

Четири нови случаи со кoвид-19 во велешко и двајца оздравени

Денес, среда во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се на лекување 11 пациенти, исто колку и вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во Велешко има четири нови  регистрирани  случаи со кoвид-19 а оздравени се двајца   пациенти.  Со ова  бројките на активни случаи изнесува  15 лица. Починати од последиците на корона вирусот во велешко  нема

Денес, среда   во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се  згрижени  се  11   пациенти, исто колку и  вчера.  Hа Инфективно хоспитализирани  се четворица    а на Интерно се седум    пациенти. Ново  примени нема  а    испишани се двајца  пациенти

„Еден  пациент е  потврдено позитивен,   непотврдени се  три лица  а  негативни се седуммина   но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се тројца   пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »