Петар Печков
Објавено: петок, 18 септември 2020
Четири нови случаи на позитивни со кoвид-19, има регистрирано во Велес, објави денес Министерството за здравство, оздравени нема. Со ова бројот на активни случаи во велешко се 27 лица.
Од ново заразените три лица се жени и еден маж. Едната од нив се заразила од член на семејство, втората од летување , третата на рутински преглед поради здравствени потреби. Мажот не можеше да кажа во епидемиолошка анкета од каде се заразил - изјавија од Центарот за јавно здравје.
Во велешко досега има 300 активни случаи, 258 оздравеле а 15 починале. Од активните случаи 20 лица се на домашно лекување а седум се на инфективно одделение. Таму има 15 пациенти од кои 12 се потврдено позитивни и тројца засега сомнителни.
Tweet |