Петар Печков
Објавено: четврток, 16 декември 2021
Изминатите 24 часа во велешко има четири ново заразени со ковид-19 додека оздравени се осум, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 167 лица.
Има и починато еден пациент позитивен на ковид-19, на 68 годишна возраст, кој бил на лекување во скопските клиники. Тој е 274-та жртва од велешко, на последиците код корона вирусот, а 14-ти за овој месец -декември.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 31 пациент, исто колку и вчера. Од нив 19 се потврдени позитивни со ПЦР тест, по еден е непотврден и 11 се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примени се два нови случај, исто толку се испишани како оздравени со по еден негативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 16 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 24 пациенти и седуммина се на Интерно.
Tweet |