Петар Печков
Објавено: среда, 22 јануари 2020
Од локалната власт информираа дека четири парцели од индустриска зона Мамутчево, се продадени, од петте кои беа понудени. Површината на градежната парцела е шест хектари, и истата е наменета за лесна и незагадувачка индустрија, за Г2 лесна индустрија, Г3 сервиси и Г4 стоваришта. Продажбата се изврши кон крајот на 2019-та година.
Со исклучок на една, сите парцели во индустриската зона „Мамутчево“ се продадени. Инвеститорите изразија интерес што побрзо да ги завршат постапките. Се очекува во најкраток можен рок да добијат одобренија за градење и да ги изградат објектите со што ќе се отворат стотици нови работни места во индустриската зона „Мамутчево“ - соопшти градоначалникот Аце Коцевски.
фото:архива
Почетната цена беше 61 денари по метар квадратен а парцелите се продадоа по 71 денари по метар квадратен и истите се на локалитет место викано . “Кумсал”, катастарска општина Мамутчево, Општина Велес.
Во индустриската зона Мамутчево завршена е првата фаза од изградбата на систем за водоснабдување во индустриската зона. со која се изведе резервоарски простор со зафатнина од 500м3. .Во тек се работите за изведба на втората фаза од проектот во која се гради потисен и доводен цевковод до Индустриската зона „Мамутчево“.
Tweet |