речник контакт

Четири проекти со европски пари за Вардарски плански регион

Сите се за изработка на техничка докуметнција а со еден се предвидува асфалтирање на патот Чашка - Горно Врановци

Петар Печков

Центарот за развој на Вардарски плански регион доби  донација од Програмата за регионален развој  -  ГИЗ РЕД во Република Македонија,  на која работел изминатиот временски период.

По објавениот повик од страна на донаторот, Центарот аплицирал со четири предлог проекти за општините од Вардарскиот  регион: Неготино, Демир Капија, Свети Николе и општина Чашка. Процесот се одвивал во неколку фази во период од 6 месеци, за да се финализира на 17 јануари  годинава со потпишување на договор за донација во висина од 3.065.000 денари.

 Значењето на овие проекти е од огромно важност за регионот и овие четири  општини. Реализацијата на активности на четирите проекти ќе трае седум месеци и се очекува  да бидат финализирани до крајот на месец август. Сите четири проекти се однесуваат на финансирање на изработка на техничка документација. Изборот на проектите кои ги изработивме и аплициравме е по избор на градоначалниците од Вардарскиот плански регион   – изјави Марко Колев раководител на Вардарскиот Плански Регион.  ГИЗ РЕД се средства од Германската влада.

Првиот проект  се однесува на Општина Демир Капија е изработка на техничка документација за Етно село Клисура, целта на проектот е развивање на туризмот во тој дел од регионот.

Изработка на техничка документација за нова индустриска зона УЗ 8 во Општина Неготино е вториот проект , со овој проект ќе се овозможи локален и регионален економски развој.

Останатите два проекти исто така се однесуваат за изработка на техничка документаци за водоснабдување на шест околни села во општините Свети Николе, и  техничка документација за реконструкција на патот Чашка – Горно Врановци.

Центарот за развој на Вардарски плански регион ќе продолжи да соработката со Програмата за регионален развој  -  ГИЗ РЕД во Република Македонија, како и со пронаоѓање на други извори за финансирање, кои заедно со општините од Вардарскиот регион ќе ги употребат за бенифит на граѓаните од регионот, а со самото тоа и развивање на истиот, што преставува и цел на Центарот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »