речник контакт

Четиригодишно дете се бори за живот по сообраќајата кај Буслици

Се судриле ,,фиат пунто,, и џип ,, мицибуши Л 200,, има и две полесно повредени лица

Петар Печков

Претпладнево тешка сообраќајка близу селото Бусилци , во која тешко е повредено четиригодишно дете.   Според полицијата се удриле автомобил и џип а има и две други лица кои се здобиле со повреди.

Утрово околу 09.00 часот на регионалниот пат Велес – село Извор, се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(33) и теренско возило марка „Мицубиши Л-200“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(59). Во незгодата се повредени возачот на патничкото возило и неговите сопатници З.М.(30) и четиригодишно дете – информираше  портпаролот Верољуб  Додевски од СВР Велес.

Двете повредени лица се задржани во Општа болница – Велес, а поради карактерот на повредите детето е пренесено во Ургентниот центар а примариус д-р Димче Бошковски  рече дека е  мошне тешка – животно загрозувачка. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »