Петар Печков
Објавено: вторник, 07 мај 2024
Четиригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди, откако автомобил удрил во него, Поради специфичноста на повредите пренесен е на Ургентен центар во Скопје. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 6 Мај во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35 – годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, за да се откријат причините за сообраќајката.
„Околу 22 часот во Ургентен центар е донесено дете повредено во сообраќајка. Веднаш се извршени радоилошки претраги и констарирани повреди на лева потколеница и поради специфичноста на повредата е пренесено во Ургентен центар Скопје“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.
Tweet |