речник контакт

Четирите плажи на Дојранско се исправни за користење

Најновите анализи и според стариот и според новиот Правилник се дека водите во Дојран се безбедни за капење

Петар Печков

Спорните четири плажи од Дојранското езеро,  се  безбедни за капење. Ова го покажале најновите резултати од последните анализи на примероци на водата, земени минатиот четврток, кои беа  презентирани на прес конференција во велешкиот Центар за Јавно здравје.

Четирите плажи ,,Златен брег,,  плажа ,,Калдрма,, , Градска плажа и   плажа ,,Црвен крст,,   беа забранети од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пред три седмици   откако  анализите направени во Центарот за јавно здравје во Велес покажале дека водата во езерото на четири мерни места е  загадена,бактериолошки и хемиски неисправна од трет степен.

 Врз основа на лабораториски наоди и  согласно уредба за класификација на води и уредба за категоризација на водотеци, езера,  акумулации и подземени води, анализираниот примерок  на вода одговара  на втора класа по бактериска контаминација,   на петта класа по матност и сатурација- заситеност  со кислород , додека останатите  параметри се во прва и втора класа.   Сите  води од четирите плажи  се од втора категорија. Или водата е безбедна за рекреација и капење.  Овие плажи отстапуваат само по матност и сатурација, параметри  кои не се  токсични и не се одразуваат штетно по здравјето на  луѓето и водата може да  се користи за капење и за рекреација  - рече д-р  Флорентина Ристовска Шурбевска, директор на ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес, кој ја контролира водата од езерата и природните водотеци, како и од водоводите, селските и  природни чешми  од регионот на Повардарјето заедно со Дојранското езеро и Овче Поле.

Ова се  резултатите од последните анализи, од примероци земени во четвртокот од четири плажи.  Водите се испитувани по двете методи,  по новиот  Правилник кој стапува на сила денес (20-ти јули), и по тој  што важеше до вчера. Тие се однесуваат  за плажа ,,Златен брег,,  плажа ,,Калдрма,, , Градска плажа и   плажа ,,Црвен крст,,.

И според двата правилници, водата  е исправна, тврди Шурбевска, која потенцира дека во овој период тие како Центар не регистрирале зголемен број на заразни зболувања, иако во водите биле регистрирани зголемен број бактерии- последица на комунално  и делумно фекално загадување. Таа реакциите  во јавноста кои се однесуваа на забраната изречена изминатиот  период ја објасни поради различното толкување на два правилници.

Како држава имаме поригорозен Правилник, по кој  се работеше. Изминатиот период  имавме противречни информации. Разликата меѓу стариот и новиот Правилник се должи на комуналното загадување  на водите. Со новиот се  третира само фекално загадување, меѓутоа со стариот се испитуваат бактерии кои не се патогени и предизвикуваат болести кај стари изнемоштени  организми.  За надминување на проблемите потребно е да се намали комуналното згадување. Храна, кеси, отпадоци не им е место во реките и езерата, а тоа  се случува во Дојран    – рече д-р Шурбевска.  

Новите податоци за исправноста на водата од четирите плажи во Дојранско езеро, таа ги достави до  Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој единствен  има надлежност да   ја симне забраната за капење, која е се уште актуелна.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »