Петар Печков
Објавено: недела, 24 декември 2006
Во Велес се собраа претставниците на четирите збратимени града, со некои да се продолжи соработката а со некои по повеќе години истата да се обнови.
Гостите од Свиштов и Перник (Бугарија), Самобор (Хрватска) и Ужице (Србија), заедно со домаќинот правеа планови за зајакнување на врските помеѓу граѓаните на овие пет балкански општини.
- Од оваа средба очекувам многу, пред се размена на искуства од работата на локалната самоуправа во тамошните средини и за можностите за соработка пред се на културен и економски план - изјави домаќинот градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Гостите, првите луѓе на братските општини имаа можност да го видат Велес и се запознаат со неговите економски потенцијали и културната оставина.
Прошетаа по тесните велешки сокаци и ја видоа старата градска архитектура, по која е познат нашироко.
После многу години се обнови соработката со хрватскиот град Самобор, кој допатува со голема екипа гости стопанственици и културни работници. Тие имаа конкретни планови за соработка, која е започната во далечната 1978 година.
- Пријателството помеѓу нашите два града одамна е потврдено, дојдовме овде да се поврземе и на други полиња. Не дојдоа само политичари туку и бизнисмени. Има сопственик на хотел, потоа газда на автобуска компанија кои вршат превоз на хрватски туристи за Грција. Има можност еден ден патниците на пропатување да останат во Велес, ова е конкретна понуда која ќе ја разгледуваат стопанствениците - најави градоначалникот на Самобор Антун Дубравко Филипец.
Преку градот каде Кочо Рацин ги отпечати „Бели Мугри“ Самобор реална е можноста Велес да се претстави и во Печуј, европскиот град на културата во 2010, бидејќи тој е збратимен со Самобор а хрватите сакаат и нивните братски градови да гостуваат во Унгарија во рамките на оваа најпрестижна европска манифестација.
Подзаборавената соработка и со Ужице е возобновена преку културата, летово нивниот театар гостуваше на фестивалот на античка драма „Стоби“.
На денот на општината стигнаа и гостите од Бугарија, со кој велешани последниве години имаат богата соработка. Кметицата на Перник Антоанета Георгиева и подава рака на велешката локална власт, преку нив да стигнат до европските фондови.
- Од наредната година, Бугарија како членка на ЕУ ќе има пристап до разни фондови за програма и соработка со градови надвор од заедницата. Тоа е одлична можност за Велес да стигне до финансии толку потребни за развој - изјави Георгиева.
Од општина Велес велат дека најмногу соработка последните години имаат со Свиштов, чии играорци летово го презентираа бугарскиот фолклор на меѓународниот фестивал пред велешани.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски покрај задоволството од соработката со збратимените градови вели дека финансиите се проблем за подлабоко зближување, но верува дека со јакнењето на финансиската моќ на општините во иднина ќе има и поголеми ефекти.

Tweet |