речник контакт

Чешки спелеолози ја испитуваа Марина дупка

Чешки спелеолози ја испитуваа Марина дупка, пештера на планината Јакупица во подножјето на врвот Солунска глава а над изворите на реката Бабуна.

Петар Печков

Чешки спелеолози ја испитуваа Марина дупка, пештера на планината Јакупица во подножјето на врвот Солунска глава а над изворите на реката Бабуна. Гостите не го криеја воодушевувањето од глетката како и од пронајдениот животински свет. Во тежок и непристапен планински масив, тие дојдоа по барање на колегите, македонските спелеолози и се што дознаа од ова истражување, чесите  ќе испорачаат на нивните домаќини. За гостите од Прага ова беше ретка можност да престојуваат во Македонија, бидејќи иако посетиле повеќе европски земји и пештери, кај нас не дошле досега.



- Видовме ретко убава пештера која наликува на јама, е длабока 450 метри и полна со мраз. Во неа има мали инсекти, бубачки кои досега ги немаме најдено во други пештери кои сме ги посетиле. Станува збор за редок вид примероци кои можеби уште можат да се најдат во само во слични пештери во Франција. Карактеристично е во неа што нема сталактити и сталагмити, бидејќи од водата е формиран мраз – вели Јан Кобилак, член на трочлената чешка експедиција. Тие една седмица ја освојува и испитуваа Марина дупка, и мораа чекор по чекор да се спуштаат во бездната. Испитувале дали оваа пештера има приод кон други простори. Но велат задоволството од тоа што го виделе е огромно а за тоа допринела и скапата опрема со која го вршеле истражувањето. Кобилак објаснува дека во Европа  околу третина од пештерите се со мраз, и тешко дека може да се пронајдат вакви мали инсекти. Според стручњаците тоа се должи што во Европа планините се формирале во правец од запад кон исток , додека на американскиот континент од север кон исток. Велешанецот Слободан Ѓоргиев- Цобе спелеолог, вели дека е добро што странски стручњаци ја проучуваат Марина дупка и тој пред некоја година се спуштил во пештерата.



- Станува збор за редок пример на пештера бидејќи  е во вертикала. Со временските нерпилики, мислам на глобалното затоплување, таа се продолжува со тоа што  мразот се топи  и се откриваат нови простори во неа и таа се продлабочува – објаснува Ѓоргиев. Пештерата била откреина пред 10-тина години и е лоцирна во тешко пристапен дел на Јакупица а до и во неа може да се влезе само добро опремен. При нивната тогашна  посета не ги виделе малите инскети што чесите ги пронашле, најверојатно поради слабата моќ на светлосните лампи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »