речник контакт

Чикаго се подготвува за самитот на НАТО

Околу 10,000 луѓе, меѓу кои и 2,000 новинари, се очекуваат да дојдат во Чикаго заради настанот.Тајната служба проценува дека помеѓу 10,000 и 100,000 демонстранти ќе пристигнат во Чикаго

Петар Печков

Жителите и фирмите во центарот на Чикаго се освежуваат за самиот на НАТО, осигурителните компании даваат совети, сопствениците на градежните компании се обучуваат и барем еден сопственик на имот ги убедува станарите да го напуштат градот тој викенд.

Сопственикот на 17-катната зграда Лајбрари тауер на Саут стејт стрит, преку писмо ги советува станарите да ги напуштат своите станови за времетраењето на самиот на НАТО.

Најсилно им препорачуваме на сите станари да си пронајдат алтернативно место за престој од 18 до 21 мај, стои во писмото. - Во зградата ќе бидат сместени двајца вооружени полицајци на должност.

Самитот на НАТО е закажан за 20 и 21 мај.

„Хаб интернешенел“, брокерска фирма за глобално осигурување со седиште во центарот на Чикаго, на својата веб страна објави листа на задачи за да им помогне на локалните бизниси за преземат чекори за безбедност.

Во листата се набројува: „Поставување барикади за заштита од маси народ во околината на имотите, ангажирање на трети лица за обезбедување, одржување обуки за вработените на процедури за итни одговори, и употреба на видео камери за собирање податоци околу безбедносната ситуација.

Асоцијацијата на сопственици и менаџери на згради на Илиноис, одржуваат серија состаноци за да ги обучат станарите од центарот на градот и сопственците на фирми заради можната закана од протести против самитот, и кои безбедносни мерки да се преземат.

За некои, погрешните претпоставки во врска со самитот се секундарни во однос на потенцијалната економска корист.

Претседателот на Чикаго Луп Алајанс, организиација на бизниси од центарот на градот, рече дека неодамнешната средба со Тајната служба, полицијата на Чикаго и со „Хилард Хајнце“, фирма за безбедносни стратегии, довеле до пооптимистични предвидувања за ефектите од самитот.

Луп е отворена за бизнисите, и не предвидуваме големи проблеми, рече Лаура Џоунс, помошник директор на Чикаго Луп алајанс. - Имаме најголема доверба во нашата полиција, тие знаат како да се справат со овие нешта.

Тај Табинг, извршен директор на Чикаго Луп алајанс, рече: „Луѓето купуваат даски во случај да треба да ги заковаат прозорците на продавниците, но севкупниот економски исход би требало да биде позитивен“.

Дури и уметноста во градот е можеби во ризик.

Дефинитивно се подготвуваме, како и сите други, но се уште не сме подготвени да зборуваме за детали, рече Чаи Грин, директор за односи со јавноста во Арт инститјут оф Чикаго.

Дури и некои локални новинари добиваат специјална обука за известувања во конфликти, дознаваме од претставник на локален весник кој побара да не го откриваме неговото име од конкурентски причини. Тој рече дека сакаат да бидат подготвени во случај протестите да станат насилни.

Медил њуз претходно извести дека локалните универзитети со кампуси во Луп и јужен Луп планираат да ги откажат предавањата и настаните во пресрет на самитот.

Околу 10,000 луѓе, меѓу кои и 2,000 новинари, се очекуваат да дојдат во Чикаго заради настанот , велат од Канцеларијата за итни состојби и комуникации на Чикаго.

Тајната служба проценува дека помеѓу 10,000 и 100,000 демонстранти ќе пристигнат во Чикаго .

Како прилог на операциите на полицијата на Чикаго, ФБИ и на Тајната служба, службени лица од градското собрание минатата недела објавија дека околу 500 трупи на државата полиција на Илиној и 600 од Националната гарда, ќе бидат распоредени во Чикаго за да се засили обезбедувањето на настанот.

 текстот е преземен од nwi.com

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »