речник контакт

Чист понеделник на Мегдан

Стогодишната традиција на Чист понеделник продолжува на Меган. Многу гости и покрај студеното време

Петар Печков

Ниту студеното време, ладниот ветар не ги спречи мегданчани и нивните гости, да го одбележат Чисти понеделник, првиот ден по Прочка. На овој ден, жителите од овој дел на Велес, во близина на црква Св. Пантелејмон, во срцето на старото градско јадро, со широко отворени раце, ги пречекуваат гостите од сите делови на градот. Се отвораат ширум портите, се  мести трпезата и на неа се поставува јадењето и мезето, специјално подготвено за првиот ден, од  долгите 40 дневни велигденски пости. Оваа традиција, не е од вчера, долга е стотина години и затоа жителите од Мегдан се горди на неа и љубоморно ја чуваат и одржуваат.

Чист понеделник, по раскажувањето на постарите се слави стотина и повеќе години, од почетокот на минатиот век. Оваа традиција има корен. Имаше години кога малку замре ама ја оживеавме. Старите мегданчани Ѓорги Гајдата, Благој Тоцинот го одржуваа а ние како деца со чините и лепче од дома доаѓавме да земеме порција бел грав. Додека не има, ќе го има и овој ден - вели Ристо Ивчев Картушот, најпознатиот жител на Мегдан.

Овој дел на градот го добил името по турскиот збор мегдан бидејќи е чистина,  од каде се гледа целиот стар дел на Велес. Годинашен домаќин на манифестацијата е Трајче Бондиќов, кој македонската јавност го знае како член на познатата фолк група ,,Соната,,. Тој заедно со неговите родители имаше обврска да ја подготви трпезата, храната, мезето и пијалакот за Чист Понеделник. А на неа имаше  богата понуда, но се посно, пригодно за денот. Имаше и музика, стара велешка, по чии тактови присутните го заиграа орото ,,Рамно велешко,,  и ги крена од софрата.

Бев дете, пред дваесетина години, кога овдека се славеше. Со другарите ги гледавме постарите како се дружат, забавуваат а ние трчавме околу. Сега дојде време јас да бидам домаќин, што ме прави многу горд, дека потекнувам од Мегдан едно од најпознатите велешки маала – вели Бондиќов.

Нему  сите гости, соседи, како честитка  му посакаа годинава неговата долгогодишна врска со познатата македонска фолк пеачка и членка на групата Соната, Катерина Брезева да им биде официјализирана  врската, со брак.  На ова тој и Катерина, се насмеаја. А Катерина како идна мегданска снаа, љубопитно ги гледаше сите адети што се случуваат на Чист Понеделник.  Сите погледи од бројните гости беа вперени во мајсторот кој го подготвуваше гравот

Годинава подготвив десетина килограми бел грав. Во него нема запршка, додаваме суви црвени лути пиперки, магдонос, бибер. Може изгледа дека е танко, но е вкусно, прстите да се излижат. Досега не се случило некој да се пожалил на гравот – вели готвачот Пенчо Мишковски, кој има 25 години стаж како кувар во АД Пелагонија.

За постарите жители на Мегдан овој ден е најзначајниот во годината. Тие од пладне до вечер ги пречекуваат гостите и сите се добредојдени. Традицијата на Чист Понеделник почнува од првите години на минатиот век, празнувањето е сврзано со прошетки и излегување од дома, по зимата, која си заминува, и со доаѓањето на пролетта и повисоките температури. Прочистувањето на луѓето од тешките зимски јадења, почнува токму на Чист понеделник, прв ден по Прочка. Тогаш почнува и чистењето на куќите, домовите и дуќаните.

Овој ден е можност да се сретнеме по долгата зима, да излеземе од дома, да се видиме и се дружиме. Еве низ песма и оро, муабетиме, се потсетуваме на многу работи. Овој ден е ден  и начин за дружење, меѓу соседите, пријателите, роднините, но  и со минувачите низ овој дел од градот– објаснува  Цвета Бондиќова. Колку велешани се горди на ова традиција, зборува фактот што во малкуте преостанати фабрички ресторани, на овој ден задолжителен

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »