речник контакт

Чистењето на трската, еко хаварија за езерото Младост

Стручњаците реагираат кој е консултиран и кој дозволил во време на мрест да се сече трската што е апсолутно погрешно и овој потег е неплански изведен.

Петар Печков

Се чисти трската од езерото Младост а рибарите реагират дека  со ова е уништена биосферата на живиот свет во водата. Локалната власт во желба да го уреди просторот околу излетиштето на велешани, но и на гостите кои тука доаѓаат од североисточниот дел на земјава, започна со уредување на плажите и крајбрежјето. За таа цел неколку стотини метри простор кој се користи летно време за капење, се уредува и чисти.

Во должина од 500 и широчина од осум метри, на еден дел од брегот на езерото, се чисти трската. Со ова ќе се овозможи гостите да имаат подобри услови за одмор и рекреација. При оваа активност ќе бидат отстранети 1,5 илјади кубици  материјал, трска, мил.  За оваа акција е ангажирана механизација, која се јави на повикот  на општината да работи, при што нема да добие надомест, туку само нафта за машините – изјави Коста Настовски од секторот за урбанизам при општина Велес. 

Работите се изведени за недела дена а останува во наредните да се отстранат и купиштата кал, смет и трски кои се отстранети од езерото. И додека општинската власт се фати за работа, риболовците реагираат на времето кога таа се изведува, но и начинот на кој е сработена.

Чистењето на трската е во период кога има мрест на рибата. Тука покрај шаварот се оставени  многу килограми на икра, која сега е уништена и последиците ќе се чувствуваат по неколку години. Згора на ова, трската беше дом на птици, патки шатки, чапји, кои тука живееја а исчистената тиња е преполна со школки, ракови, црви. Тие се храна за рибите, птиците и  се дел од биосферата на езерото. Уништена е и алгата, која даваше лековитост на водата – вели Дејан Миланов претседател на СРД Младост.

Риболовците сметаат дека е потребна да се среди крајбрежјето и плажите, но за нив овој период не е вистинскиот. Тие од искуство сметаат дека  било подобро да се постават камења и чакал, во периодот кога имаше низок водостој. Така било сторено во 1998-та кога биле уредени плажите.

Со оваа тешка машинерија што влезе во водите, се уништи целиот животински свет.  Таа гребеше по дното  и собра се што  е  вредно. Кој го нареди ова, имало ли консултации со стручњаци за тоа да се стори. Дваесет и пет години сум рибар не помнам за сите овие години, во време на мрестот да се чисти крајбрежјето. Тоа требаше да се сработи во периодот кога нема мрест а нивото на езерото беше ниско. Не е одбран ни моментот ниту времето за акцијата на чистење – вели   Димитрие Антиќ риболовец.

Тој потсетува дека сите изминати години од 15 мај до 15 јуни е забрана за риболов поради мрестот на рибата а годинава ќе ја нема, бидејќи езерото нема концесионер. Посебно е критично  по  бројот на примероци на рибата смуѓ, која е мошне ретка и малку присутна во македонските езера. Надлежниот општински еколошки инспектор  објаснува дека се чисти терен на само 10 отсто, од вкупно 4 км колку  е периметарот на езерото Младост.

За расчистување на трската се консултиравме со сите општини каде  има природни езера и каде се спроведени вакви акции на чистење. Работиме на мал дел од целата трска која ја има во изобилие на езерото Младост. Сакавме да направиме плажи во кој ќе уживаат посетителите. Досега немаме официјална реакција од било кое риболовно друштво од градот. Отстранетата трска и мил се на плажите и сега се исцедува, за по некој ден да ја пренесеме на регуларна  депонија – изјави Билјана Манаскова Шуркова општински инспектор за животна средина.


Ниту стручњаците не го одборуваат сечењето на трската  во овој период од годината. Професорот од Земјоделски Факултет Мирче Наумовски не се согалсува со постапката на локланите власти.

Не знам кого консултурале и што тој рекол, но апсолутно е погрешно сега да се сече трската во периодот на најголемиот мрест на повеќето видови риба. Од тоа  што го видов сигурано дека  овој потег е неплански изведен. Од мај до јули не смее да се сече трската бидејќи икрата е околу стеблото,  но по ова чистење таа е падната на земја и уништена. Со исчистената тиња пак е однесена храната за рибите, црвите но и другиот животински свет кој го има во езерото – изјави за ТрМр д-р  Мирче Наумвоски професор по рибарство на Земјоделскиот Факултет во Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »