Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јуни 2019
ЈКП Дервен читањето на броилата за вода, на домаќинствата ќе го врши со нова технологија. Инкасаторите ќе користат на новата софтверска апликација за електронско читање на водомери преку мобилни уреди.
По обуката која се изврши над инкасантите, ќе следи период на тестирање на софтверската апликација од околу месец дена, по што ќе се започне со примена на овој метод на читање водомерите на терен. Вчитаната состојба веднаш по внесувањето ќе стигне до службата во ЈКП Дервен - објаснија од ова јавно претпријатие. .
Апликацијата освен што нуди внес на податоци од отчитаниот водомер, исто така овозможува внесување на забелешки и фотографии со цел да се идентификува реалната состојба на водомерите и пристапноста до нив за инкасаторот да може да ги прочита.
Tweet |