речник контакт

Човекот ја победи природата, сите чилеански рудари спасени

Сите 33-ца рудари во Чиле се извлечени на површината по 69 дена поминати под земја

Петар Печков

 

Последен беше извлечен 54-годишниот Луис Урсуа, главен бригадир на групата рудари. Пред него на површината излезе 29-годишниот Ариел Тикона Јанес, кој беше пречекан од сопругата Маргарита, која е мајка на неговото трето дете Есперанса. Таа се родила на 14 септември додека нејзиниот татко бил под земја.

Урсуа излезе на површината пречекан со ракоплескања, радосни извици на спасувачите и звуци од сирени, со што се одбележа успехот на историската спасувачка операција на 33-та рудари.Како и сите други рудари и Урсуа беше пречекан од претседателот на Чиле Себастијан Пинера.

Ве ослободувам од смената и ве поздравувам. Како добар капетан на екипата вие излеговте последен, изјави Пинера, имајќи ги предвид капетаните на бродовите, кои последни ги напуштаат бродовите, кои тонат.

Се надевам дека вакво нешто повеќе никогаш нема да се случи. Му се заблагодарувам на цело Чиле. Се гордеам што сум Чилеанец, рече Урсуа.

Претседателот Пинера им се заблагодари на спасувачите, инженерите, лекарите и на Господ поради успешната спасувачка операција.Во меѓувреме излезе и последниот од шестмината спасувачи, кои учествуваа во операцијата.

Спасувачката операција за извлекување на рударите, кои 69 дена беа блокирани на длабочина од 622 метри под земјата, траеше 22 часа и 38 минути и таа чинеше меѓу десет и 20 милиони долари.

Спасувачката операција чинеше меѓу десет и 20 милиони долари. Државата обезбеди две третини од сумата, а останатиот дел беше финансиран преку приватни донации, рече Пинера.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »