Петар Печков
Објавено: недела, 17 март 2013
На денот кога сите се проштеваат, луѓето меѓу себе и земјата и небото во Велес се случи чудо на природата. На огромната депонија од згура процвета црешата. Во ридот кој за велешани е симбол на смртта, со присуството на тешки метали, едно дрво се разбуди и си го најде патот до небото. Процвета оваа цреша, симболика за градот и луѓето. Дека надежта постои, дека сите се борат да преживеат.
Тоше Проески - Цреша:
И ден денес ко сонлива песна
ќе долета мирис на цреша
кога пролет ќе расцути в поле
една цреша што мене ме чека
кога мора да одам им реков
се што имам и куќа и нива
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива...
Tweet |