Петар Печков
Објавено: сабота, 27 август 2011
Во г. Велес имат една жена што ја викаат Марија Зрзаноа; у неа имат една икона чудотворна со лицето од Пресветаја Богоројца. Иконата јет многу стара и не ет многу голема, стредна јет, ем со два капака што ја покриваат. Кај Марија Зрзаноа је носат болни и од друзи несреќи, којшто имат, Господ да чуат, во куќа, кошули, за да преноќеваат и ноќта ќе кажела иконата (Богоројца) на Марија што ќе им бидит на тие луѓе, али арно, али лошо.
Којшто не носел кошула ја земал иконата дома си кај болнио и ќе му кажела иконата на куќните од болнио али ќе оздрави, али ќе умрит. Ако не умрит болнио, иконата ќе била вечерта многу весела и радосна. Сите луѓе што ќе ја гледаат таква радосна и усмевната, сите ќе се уверуат оти болнио ќе оздравит; а пак ако је болнио за да умри, иконата ќе стои како невесела и се тука ќе се поти (од мака зер што ќе је иди дека болнио ќе умрит). Коа ќе ја видат луѓето такваа испотена, ќе се уверуаат оти ќе умрит болнио и сите ќе се ускрбат, како што ќе бидит и Богоројца ускрбена. Сопрво ќе ја обришат иконата од потта, белким повторно не ќе се испотит, арно ама са ноќ ако сакаат да ја бришат, таа пак ќе се поти и друго ништо.
Од тоа потење на иконата веќе сите ќе се уверуат оти ќе умрит болнио и за вистина ќе умрит, а други ќе стани коа ќе је весела иконата.
Tweet |