Петар Печков
Објавено: сабота, 16 јануари 2016
За една седмица два пати се искачи на највискиот врв на светот, Монт Еверест. Така непалката Чурим Долма Шерпа влезе во Гинисоваа книга на рекорди. Таа деновиве допатува во Велес, во посета на пријателот Антонио Китанов, но и да ја види Македонија и ги посети македонските планини.
Далеку пониски од тие во родниот Непал, огромните Хималаи со врвови на осум илајди метри. Токму овој викенд таа е на Попова Шапка, како замена за огромните Хималаи.
Од лани, април по земјотресот, забрането е искачувањето на Хималаите од безбедносни причини. Можеби ќе продолжиме со искачување од април, ама не е поознато. И овој зимен период решив да го посетам мојот пријател Тони во Велес. Со него ќе ги посетуваме вашите планини. Тие не се така високи и се вистинска рекреација – објаснува Чурим.
Таа има своја агенција за туристички тури по Непал со која ги носи низ земјата. Токму ова и дала можност да се искачува по Хималаите, но и да влезе во Гинисовата книга на рекроди. Со нејзините 31 години, Чурим пролетта 2012-та за седум дена два пати го освоила највисокиот врв на светот Монт Еверес, висок 8.8 48 м. Тоа досега на никому не му успеало.
Ова го сторив лично за себе никој не го направил и сакав тоа да го сторам. И тоа од две различни страни од јужната која е потешката за искачување. Во двата наврати сама го искачив врвот. Мошне тешко беше, напорно, бев сама. Бев на последниот логор на височина од без малку 8 илјади метри и од таму се искачив – објаснува Чурим.
Бидејќи воздухот на оваа височина е редок, морала да носи боци за кислород како и багаж, севкупно со тежина во ранец од 20кг. што е повеќе од третина на нејзиното нежно женско тело. Минатата година не се искачила, бидејќи земјотресот кој го погоди Непал, ја спречил. Во тие моменти била на височина на последен логор со екипа од Нов Зеланд.
Но се случил земјотресот, кој силно ги стресол, што и денес кај неа создава немир. Лавини силно тргнале и многу алпинисти загинале. Таа со останатите од екипата некако се вратила. И од тогаш има забрана за искачување на Хималаите, до натаму, на недоредено. Илустрира дека лани на исакчувањето загинале рекордни 16 лица,а година порано 14. Високите врвови на овој планински венец ги иам искачено и од страната на Индија и од Тибет.
Освен по планините таа туристите во Непал ги шета по џунглите, сафари прошетки каде живеат слонови, бенгалски тигри, огромни змии. За неа ниту височнините ниту овие диви животни не предизвикуваат страв. Нејзините рути се насловени ,,истражи го Непал,, а тука влегуваат и посети на храмови, културно – историски споменици. Објаснува дека најмногу се барани т.н. лесни, лајт тури пешачки, не за професионалци, за туристи кои завршуваа до висина од 5,6 илјади метри.
Најмногу туристи доаѓале во пролет и тоа од Австрија, Швајцарија, Германија, Франција. Досега не сретнала македонски гости. Летово ќе го освојува највискоит врв на Северна Америка Мек Кинли 6118 м.
Тоа е многу тежок врв, кој е на 75-от степен географска широчина во Аљаска, многу блиску до Северниот пол. Ниските температури, смрзнатините на рацете и нозете се голем непријател на планинарите - додава Чурим. На нејзиното лице неможат да се забележат трагите од (не)времето, ветерот и студот, кои ги има на високата надморска височина.
Напротив тоа е нежно и негувано, ни малку и далеку од стереотипот за локалното население и шерпасите кои ги водат туристите по Хималаите. За крај не можев да не ја прашам за локалниот аеродром во Лукла, кој важи за еден од најопасни те во светот, краток во удолница и веднаш по завршувањето на пистата започнува бездна. Шерпа насмеа, потврди и додаде,,Да, така е ама досега нема ниту еден инциднет,,.
Tweet |