речник контакт

Шапуриќ и Кошутиќ во посета на Велес

Средствата за решавањето на Рамина ги нема во годинешниот буџет и ќе се бараат од додатни извори преку ребалансот и тоа продажбата на Светскиот центар, дивидендата на Телеком и евентуално продажбата на ЕСМ. Владата побарала и општина Велес да се вклучи во решавањето на проблемот на свлечиштето.

Зоран Николов

[b]Велес, 20 февруари (МИА) - Министерот за животна средина Зоран Шапуриќ и заменик-министер за транспорт и врски Дејан Кошутиќ, чии министерства се надлежни за решавањето на проблемот на свлечиштето Рамина, престојуваа во работна посета на Велес. [/b] Тие со градоначалникот на Велес Аце Коцевски разговара за реализацијата на втората фаза од решавањето на свлечиштето, а потоа на прес-конференција ги пренесоа нивните ставови. Министерот Шапуриќ најави дека средствата за решавање на Рамина ги нема во годинешниот буџет и ќе се бараат од додатни извори преку ребалансот и тоа продажбата на Светскиот центар, дивидендата на Телеком и евентуално продажбата на ЕСМ. Владата побарала и општина Велес да се вклучи во решавањето на проблемот. Заменик-министерот за транспорт и врски Дејан Кошутиќ најави дека од социјалните станови кои се градат во населбата Тунел, жителите од Рамина може да конкурираат за тие што ќе останат нераспределени по ревизијата дали се исправно доделени. Коцевски на прес-конференцијата посочи дека државата е должна да го реши проблемот со свлечиштето, како што тоа го сторила и со други случаи во земјава. Avizo MC

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »