Петар Печков
Објавено: среда, 02 октомври 2013
На повеќе локации Ловното друштво Руен изврши населување на ситен, пердувест и крупен дивеч по ловиштата во велешко. Во четири наврати пуштени се по 60 шатки, по течението на реката Вардар во велешкиот ревир, потоа 400 фазани и 11 диви свињи.
Ова е нивна обврска со програмата за работа, која ја понудиле кога пред Министерството за земјоделие и шумарство, конкурираа за концесија и таа етапно ја исполнуваат. Сиот овој дивеч тие го одгледуваат во четирите нивни одлгедувалишта кои ги имаат за диви свињи, елени, шатки и фазани.
А од почетокот на месецов, први октомври започна и ловната сезона која ќе трае до крајот на март, следната година. Овој викенд е првата хајка и тоа во околина на селото Рудник.
Здружението на ловци ,,Руен,, брои 700 членови,со ловечка дозвола кои имаат можност да ловат ситен, крупен и пердувест дивеч.
Tweet |