речник контакт

Швајцарската амбасада со донација на противпожарно возило за Велес

Возилото е за интервенции во високите делови на градот, каде има тесни улици

Петар Печков

Против пожарната единица од Велес доби теренско возило за гаснење на пожари, потребно за условите кои ги има градот.  Тоа е донација од  Амбасадата на Швајцарија и е во вредност од два милиони денари.

„Годинава  видовме пожари на големи површини, резултат на високите температури. Имаше големи пожари и сметавме дека е потребно да помогнеме со донација на ова возило, кое ќе помогне во иднина, подобро да се справувате со пожарите“ рече амбасадорката  Вероника Улман.

Со надградбата на возилото со резервоарот од 500 литри, тоа ќе може брзо да стигне на местото од пожарот и пожарникарите да го локализираат.  Ова е трето такво возило кое е во сопственост на велешките пожарникари, но првите две се со далеку помал резервоар за вода.

„Возилото е добредојдено за високите делови на градот, каде има тесни улици.  Така единиците на пожарникарите ќе можат да делуваат ефикасно и брзо“ рече командирот на ТППЕ Љупче Лепидовски.  

Општина Велес со помош на Швајцарската влада и УНДП го реализираше и проектот „Велес без бариери“, чија цел е подобрување на животот на децата и возрасните граѓани со ограничена мобилност. Со грант од околу 2,7 милиони денари се нивелираа 23 тротоари по главните улици „Благој Ѓорев” И „8-ми Септември“ и се инсталираше лифт за ученициет со попреченост во зградата на средните училишта Гимназија „Кочо  Рацин” и Хемиското „Димитрија Чуповски”. 

Со помош на Швајцарската амбасада  и УНДП набавена е и поставена  видео и аудио опрема, со која четврта  година седниците на Советот на Општина Велес се емитуваат во живо.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »