речник контакт

Шведскиот амабасадор Сулстром во неформална посета на Велес (фото)

Завршувајќи ги средбите при посетата амбасадорот Сулстром ги истакнал одржливоста, инклузијата и ангажманот на дијаспората

Петар Печков

Шведскиот амбасадор Ола Сулстром беше во Велес во неформална посета, дел од неговата „Амбасада на турнеја“. Ја посети конфекцијата на Крзнарата АД Димко Митрев, која е во доминантна сопственост на шведски стопанственици. 

„Разговаравме за производството, идните планови и големите инвестиции во позелено производство“ – соопшти Сулстром.  

Во Европската куќа во Велес имал средба со членовите на Здружението за церебрална парализа и други попречености од Велес, при шти ја истакнал  важноста на пристапноста, инклузијата и активното граѓанско општество.

За време на ручекот, пробал велешка пастрмалија, вкусен локален специјалитет како што го опиша тој,  и  разменил  мислења со Гордан Јорданов од Обединетата Македонска дијаспора за  нејзината важна улога во зајакнување на трговијата и инвестициите.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »