речник контакт

Шверц комерц на луѓе

Во автобус на Млаз Богданци на наплатна рампа Градско пронајдени 12 емигранти од Судан, Сомалија и Еритреја

Петар Печков

Викендот  околу 19,30 часот, при вршење на редовна контрола на лица и возила од страна на тимот на Мобилната единица за прекуграничен криминал на автопатот Неготино - Велес, поточно на наплатна рампа -Градско, е сопрен за контрола автобус марка ”Санос” со велешки регистерски таблички, сопственост на “Млаз Богданци“ управуван од З.Д. (52) и како кондуктер во автобусот  А.Т.(36), двајцата од Богданци, а  кој сообраќал на редовна линија Гевгелија -Скопје.

При вршење на редовна контрола од страна на Тимот на Мобилната единица за прекуграничен криминал при СГРМ, е констатирано дека во автобусот освен патници на редовна линија Гевгелија -Скопје, се превезуваат и 12 патници кои што не поседувале  никакви лични документи за утврдување на идентитетот.

По разговор со патниците утврдено е дека станува збор за илегални емигранти кои  се со потекло од Сомалија, Судан, и Еритреа, кои што влез во Република Македонија оствариле на илегален начин,  кај Гевгелија. Кај  лицата, инаку  без лична документација за утврдување на идентитет, е констатирано дека истите не поседуваат билети за превоз, поточно  за наплата од по 10 евра од лице за издавање на патен билет, односно кондуктерот на автобусот им зел пари а не им издал патен билет за превоз.

По  превземени соодветни мерки за расчистување на случајот,  илегалните емигранти се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а против  возачот З.Д. и кондуктерот А.Т. е поднесена  кривична пријава за – “криумчарење на мигранти“. Од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 15 дена. Предметот се води во Основен суд Скопје еден

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »