речник контакт

Шекспир функционира и во антички амбиент

Многу врева за ништо, на театар Комедија, ја освои публиката во Стоби

Петар Печков

Со овации и громогласен аплауз беше испратена претставата ,,Многу врева за ништо,, на театарот Комедија и режисерот Дејан  Пројкоски, одиграна вчеравечер во амфитеатарот во Стоби, на Фестивалот на античка драма. Шекспир одлично функционираше на овој  простор,  иако во претставата имаше многу  рок елементи. Така  театарот каде некогаш се бореле на живот и смрт, оваа вечер беше рок  сцена, со многу комични ситуации, што публиката одлично го прифати.  

Фестивалот во Стоби има една неверојатна, магична  атмосфера. Иако претставата не е работена за ваков амбиент,з а надвор, тука се покажа дека  функционираше одлично. Публиката  го потврди и почувствува. Што се однесува на дилемата Шекспир во антички театар, тој ја надградува антиката, принципите на Аристотел. Во ова претстава, кога комедијата преминува во трагедија е класична античка трагедија. Шекспир има многу допирни точки со антиката, затоа што   секоја класика меѓу себе се преплетува и создава класичен театар – рече Андреј Цветановски уметнички раководител на театарот Комедија.

Премиерата на ова претстава беше на отворено на Фестивалот ,,Гола месечина,, а потоа беше одиграна во Охрид и Битола а со  гостувањето во Стоби, заврши  нивната мини турнеја  низ Македонија.   Велешкиот актер Крсте Јовановски, кој иако   нема ниту еден ден стаж во велешкиот театар, за овие 13 години на Фестивалот, е  чест гостин, има  играно и гостувано  шест пати на овој простор. Првиот е на почетокот со Бакхи, класична античка трагедија, сега со Шекспировата комедија,,Многу врева за ништо,,. 

Шекспир е универзален, не е  важно каде се игра. Важно е тој да се игра и  плови низ времето со години  и векови.  Ова  претстава пет века плови, не само на театарски сцени. Во Стоби таа доби една друга  чудна димензија. Секогаш кога играм тука, сум фасциниран, а чувството е прекрасно. Додатна сила ни даде публиката која го исполни просторот, го сруши тој т.н. четврти ѕид.  Се случи да тие  мислат како нас, како да беа  Шекспир  и режисерот истовремено. Пресреќен сум и презадоволен – рече  актерот Јовановски.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »