речник контакт

Шеснаесет бруцоши примени на ТТФ во Велес

Конкурирале 24 кандидати а имаше 50 слободни места

Петар Печков

Во првиот уписен рок, на Универзитетите во земјава, на велешкиот Техничко- технолошки факултет примени се 16 студенти од нив десет редовни и шест вонредни. За 50 слободни места таму, конкурирале 24 кандидати.

На насоката нутриционизам  во државна квота примени  шест  студенти,  со партиципација од  200 евра од 20 слободни места,  додека вонредни примени се пет   со партиципација од  400 евра

Во насоката прехранбена технологија и биотехнологија во државна квота примени  се четири  студенти од 20 слободни места со партиципација од  200 евра, додека вонредни примен  е еден   со партиципација од 400 евра.

Техничко- технолошки факултет со седиште во Велес, работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Вториот уписен рок е  на  13-ти и  16-ти септември а третиот на 24- ти септември. Академската година започнува од 1-ви октомври.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »