Петар Печков
Објавено: недела, 08 август 2010
Утрово во 7 часот и 30 минути беше пронајдено телото на 16 годишниот Ријад Сулејмани од велешкото село Бузалково кој вчера доцна попладне се удави во водите на Охридското езеро во близината на т.н машка плажа кај Струга.
Потрагата по телото која беше прекината синоќа во 23 часот, продолжи денеска рано утрово во 5 часот и 30 минути. Според информациите од нуркачите, телото на Ријад било пронајдено на 60 метри надвор од безбедносната граница за капење и на длабочина од 1,5 метар.
Телото на Ријад веднаш е префрлено во струшката општа болница каде по барање на истражен судија ќе се утврди дали ќе биде извршена обдукција или не.
Во потрагата синоќа беа вклучени спасувачки екипи на Црвениот крст од Охрид, нуркачи и членовите на едриличарскиот клуб од Струга. На лице место беа и истражен судија од струшкиот основен суд и полициски екипи. Од полицијата информираат дека несреќата се случила надвор од безбедната зона за капење, а Ријад исто како и неговиот татко биле непливачи
Несреќата се случила во неделата нешто после 18 часот, кога според кажувањата на очевидци, момчето заедно со неговиот татко се возело на педалинка на поголема одалечност од брегот. Момчето рипнало од педалинката, но по неколку секунди го снемало од видикот на неговиот татко кој почнал да бара помош.
Бидејќи се работи за поголема длабочина потрагата по телото на момчето трае повеќе од два часа. Во потрагата се вклучени спасувачки екипи на Црвениот крст од Охрид, нуркачи и членовите на едриличарскиот клуб од Струга. На лице место се наоѓаат и истражен судија од струшкиот Основен суд и полициски екипи.
Концесионерот на машка плажа Шефи Речи вели дека неколку пати било укажано педалинките да бидат отстранети од плажите, но оти тие не сносат никаква одговорност бидејќи несреќата се случила надовор од обележаната граница за капење.
веста е преземена од МИА
Tweet |