Петар Печков
Објавено: четврток, 24 февруари 2022
Средата претпладне сообраќајната полиција ги контролирала такси возилата, автобусите и комбињата, кои превезуваат патници, колку се тие исправни.
„На 23-ти февруари во периодот од 8 до 12 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.
Притоа, биле констатирани и санкционирани седум прекршоци. Од нив шест се во Велес и едно во Кавадарци“ - соопштија од МВР.
Попладнето истиот ден на 23-ти февруари, во периодот од 16 до 20 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање возачи кои не почитуваат првенство на минување на пешаци на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани седум прекршоци, во Велес пет, и во Кавадарци две.
Tweet |