Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2020
Со писмено соопштение Општинската изборна комисија за Велес (ОИК) информира дека има промена на локација на шест избирачки места. Истата била извршена со решение на Државната изборна комисија (ДИК).
Избирачките места 2144 и 2144/1 од објектот на ЈКП Дервен во населба Тунел, се преместени во ООУ Васил Главинов на ул. Никола Карев број 2 – крак десно.
Избирачкото место 2176 од канцеларија на Бирото за вработување е преместено во - Дневен центар за лица со посебни потреби на улица Петре Прличко број 34 – покрај објектот на Биро за вработување -десно.
Избирачкото место 2186 од село Кумарино е преместено во Основно училиште во село Сујаклари.
Избирачкото место 2187 е преместено од село Чолошево во село Дурутовец – ул. Лисец број 19 приватен објект – Радица Додевска.
Избирачкото место 2207 во село Ораовец е преместено од приватен објект на Ангел Атанасков во приватен објект на Марија Јанкова.
Tweet |