речник контакт

Шест најпознати политички заговори

Таинствените заговори за смена на власта и за убиство на политичари се стари колку и цивилизацијата. Од државен преврат во антички Рим до атентатот врз Линколн, ова се фактите за шесте најславни (по лошо) политички заговори.

Петар Печков

Овие планови често се вклучени некои од највлијателните личности на нивното доба, а додека многу од овие заговори често се неуспешни или пропаднале уште за време на планирањата, сепак малку од нив имале далекусежни и често фатални последици.

1. Заговорот на Катилина
Еден од најскандалозните римски заговори се случил во 63 г.п.н.е., кога Сенаторот Катилина се обидел да крене востание против републиката. Фрустриран заради стагнација во својата политичка кариера - два пати не успеал да биде избран како конзул - Катилина во бунтовничка војска собрал злобни аристократи, истерани воени ветерани и задолжени сиромашни граѓани. Тој испланирал да вмаршира во градот и да ги убие богатите и достоинствениците, но неговиот план удрил во ѕид кога Кикерон - еден од главните противници на Катилина - го осуетил заговорот и јавно го осудил во серија говори на сцената во Сенатот.

Под сомнеж од страна на своите колеги политичари, Катилина избегал од Рим и придружен од неговите војници заминал во централна Италија. Потоа замислениот востаник бил јавно откриен во декември 63 г.пр.н.е., кога едно галско племе му го свртело грбот и му ги предал неговите планови на Кикерон. Вооружен со силни докази за заговор, Кикерон и Сенатот наложиле егзекуција на неколку извршители на Катилина и испратиле војска да го пресретнат во едно поле. Во битката, војската на Катилина била разбиена, и тој и многу негови колеги заговорници биле убиени.

2. „Заговорот Барут“
До ден денес, Британците го слават денот на Гај Фоукс, неофицијален празник со кој се одбележува годишнината од пропаѓањето на „Заговорот барут“. Овој план прво бил смислен во мај 1604 година, кога мала ќелија од незадоволни католици предводени од Роберт Кетсби, исковале план да извршат атентат против антипапистот Кралот Џејмс Први, и на тронот да ја постават неговата ќерка како лидер марионета. Во март 1605, конспираторите изнајмиле подрум под Домот на лордовите и таму ставиле 18 големи буриња со барут. Нивнниот план бил многу едноставен: дента кога парламентот ребало да одржи заседание на 5 ноември, тие ќе го разнесат Кралот Џејмс и сета негова влада во воздух.

Баксузно за Кетсби и неговите заговорници било тоа што заговорот бил откриен еден ден пред да биде извршен, откако еден од нив испратил писмо до политичарот Лордот Монтигл со предупредување да не влегува во парламентот. Монтигл го предал писмото на полицијата, и вечерта на 4 ноември тим кој истеражувал го откриле Гај Фоукс - заговорникот кој требало да го запали фитилот - како стои покрај бурињата со барут. Мачен во Лондонската кула, Фоукс раскажал за заговорот, и во јануари 1606, Кетсби и другите заговорници биле заробени или убиени. Преживеаните подоцна биле прогласени за виновни за најголемо предавство и обесени, удавени или расечени на делови.

3. Конспирацијата Паци
Великодушното семејство Медичи владеело со Фиренца 300 години и помогнале во процутот на ренесансата, но попат тие си создале и непријатели. Расжестени заради спортивставувањето на семејството на една папина одлука, во 1478 година група од заговорници преводени од Папата Сикстус Четврти, неговиот внук Џироламо Риарио, надбискупот од Пиза и други, смислиле злобен план за да ја одземат Тоскана од рацете на Медичи. Со помош на семејството Паци - кој биле ривалски клан од Фиренца - групата направила заговор за атентат врз Лоренцо де Медичи (познат и како Лоренцо Величенствениот) и неговиот брат Џулијано, по што ќе го преземат управувањето со градот.

Планот бил грозоморно извршен на 26 април 1478 година. Додека браќата Медичи присуствувале на миса во Дуомо, биле седнати помеѓу двајца свештеници вооружани со ножеви како и меѓу членови од семејството Паци и изнајмени убијци. Џулијано бол избоден 20 пати и убиен, но Лоренцо успеал да избега само со рана на рамето. Поголем преврат не успеал затоа што по атентатот биле заробени над 200 заговорници и погубени, кога збеснатите граѓани застанале зад Медичи. Кога прашината конечно слегнала, на семејството Паци им било одземено сето богатство и засекогаш биле истерани од градот, а Лоренцо де Медичи самиот останал да владее со Фиренца.

4. Заговорот од 20. јули
Адолф Хитлер преживеа неколку обиди за атентати во Втората светска војна, но најпознатиот - и најблиску да успее - се случи во 1944 година, една недела по инвазијата на сојузниците позната на „Денот-Д“. Самоуверен, „фирерот“ ја водел Германија во пропаст, а полковник поручник Клаус фон Штауфенберг, полковник Фредерих Олбрајт, полковник генерал Лудвиг Бек, генерал мајор Хенинг фон Тресков и други, направиле заговор за да го убијат. Како дел од планот наречен „Операција Валкири“, овие мажи направиле заговор да го убијат Хитлер и потоа да ја искористат германската резервистичка војска за да ја заземат врховната команда во Берлин и да извршат преврат против врховната нацистичка команда.

На 20 јули 1944, фон Штауфенберг присуствувал на воена конференција во хитлеровото „Волчје дувло“ во Прусија, и носел бомба во актовка. Откако ја оставил чантата блиску до Хитлер, се извинил за да се јави по телефон и излегол од собата. Бомбата успешно експлодирала во 12,42 часот, но друг офицер ја преместил чантата зад ногарка од масата неколку секунди пред таа да експлодира. Загинале четворица, но Хитлер поминал само со мали повреди. „Операцијата Валкири“ пропаднала по веста за несупешниот атентат. Фон Штауфенберг и Олбрајт биле веднаш заробени и убиени, а Бек и фон Тресков извршиле самоубиство. Во истрагата која следувала, Хитлер наредил околу пет илјади заговорници и осомничени за субверзии да бидат егзекутирани, повеќето од нив обесени со жица од пијано како грозоморно предупредување против идните заговори за атентат.

5. Заговорот Њубарг
Малку познататиот заговор Њубарг се случил во март 1783 година, кога континенталната армија на генералот Џорџ Вашингтон престојувала преку зимата во кампот во Њубарг, во државата Њујорк. И покрај тоа што имале предност во Револуционерната војна, помеѓу војниците на Вашингтон растело незадоволството од јаловиот конфедерациски конгрес кој не успеал да им компензира во заостанатите плати и пензии. Додека незадоволството се ширело, помеѓу високи офицери почнало да се врти писмо напишано од анонимен автор наречен „Брут“ (подоцна се открило дека тоа бил мајорот Џон Армстронг). Во него стоел морничав предлог: ако Конгресот и државите не им платат, војската можеби ќе ја напушти војната и ќе тргна директно кон владата со вперено оружје.

Иако имал симпатии заради мачината кај неговите војници, Вашингтон знаел дека било каков бунт ќе има потенцијално каттастрофални последици за револуцијата. Кога незадволните офицери се состанале на 15 март 1783 година, тој одеднаш се појавил таму и побарал да и се обрати на масата. Откако го осудил писмото како непатриотско и злонамерно, Вашингтон побарал од војниците да останат трпеливи во однос на Конгресот. Планирал да го прочита писмото на крајот на неговиот говор и извел неколку театрални сцени и извинувања, со зборовите: „Не само што остарев и побелев во косата, туку и ослепев за барањата на мојата земја...“. Одглумениот говор оставил силен впечаток. Освоени од посветеноста на Вашингтон за војната, офицерите гласале да ја дадат својата „недвосмислена доверба“ на Конгресот. Само еден месец подоцна, Вашингтон отишол да разговара со британците за запирање на војната.

6. Заговорот за атентат врз Линколн
Во атентатот кој го извршил Џон Вилкис Бут на 14 април 1865, претседателот Абрахам Линколн бил само еден дел од поголем заговор за да се зададе конечен удар против Врховната команда на Унијата. Заговорот бил смислен еден месец претходно, кога Бут и неколку други симпатизери на Југот испланирале да го киднапираат Линколн и да го трампаат за затвореници од Конфедерцијата. Планот постојано се одложувал, и кога бнтовниците конечно се разишле во април 1865, Бут бил присилен самиот да ја оствари својата стратегија. Откако дознал дека Линколн и генералот на Унијата, Улисис Грант, ќе присуствуваат на претставата „Нашиот американски роднина“ во театарот Форд во Вашингтон, тој режил да изврши серија координирани атентати. Бут лично ќе ги убиел Линколн и Грант, додека неговите колеги заговорници Џорџ Ацерот и Луис Пауел ќе ги убијат потпретседателот Ендјру Џонсон и државниот секретар Вилијам Сјуард во нивните домови.

Заговорниците се надевале дека со убиствата ќе ја фрлат во хаос владата на САД, но нивниот план брзо се расапднал. Бут успеал смртно да го рани Линколн во театарот Форд, не го средил и Грант, кој решил сепак да не оди на претставата. Истовремено, Пауел го нападнал Сјуард додека секретарот лежел во кревет, но со нож успеал само да му направи тешки рани. Во меѓувреме Ацерот решил да не учестевува и не се ни обидел да го нападне Џонсон. Линколн починал следното утро, но неговата влада останала недопрена. Во следните неколку недели Бут бил убиен, а Пауел, Ацерот и неколку други заговорници биле уапсени. Сите подоцна биле егзекутирани или осудени на затвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »