Петар Печков
Објавено: петок, 13 август 2021
Шест нови лица позитивни на ковид-19 во велешко, регистрираше Институтот за јавно здравје . Ова е состојбата за изминатите 24 часа.
Со ова во велешко има активни 35 случаи на лица со корона вирусот.
„На инфективно одделение вкупно се хоспитализирани седум пациенти, сите седум се потврдени позитивни. На кислородна поддршка се тројца пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка болница.
Tweet |