Петар Печков
Објавено: недела, 18 октомври 2020
Денес шестмина ново заразени и еден оздравен, тоа е билансот на позитивните со ковид-19 во велешко. Оваа информација ја објавија од Центарот за јавно здравје Велес. Бројката на активни случаи во велешко е 98 лица.
Случаите од денес и вчера се лица кои најмногу се заразиле од дома, па од работа, мал дел не можат да прецизираат од кого го добиле корона вирусот. Вчера имаше грешка, две лица кои не се од Велес се впишани во билтенот како велешани, денес таа грешка е исправена. Денес има еден оздравен а не два како што се води во официјалните податоци. Има еден просветен работник, но тој веќе две седмици не одел на работа, така што нема изолација за колеги и деца ученици. Што се однесува до свештеното лице, тој немал контакти со верници, не учествувал на литургии - соопштија за ТрМр од Центарот за јавно здравје Велес.
Со ова бројката на вкупно досега заразени со ковид-19 во велешко е 428 лица, оздравени се 313 а починати 17. На Инфективно одделение се 16 лица, на домашно лекување 78, две се на Инфективна клиника во Скопје и две на Клиника Жан Митрев.
На Инфективно одделение има 35 пациенти, 33 се потврдено позитивни а двајца се со симптоми но без потврда, 13 пациенти се на кислородна поддршка. Од Велес се 20 пациенти, осум од Свети Николе, Градско 4, Кавадарци 2 и еден од Демир Капија - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болнциа Велес.
Tweet |