речник контакт

Шестмина велешки кајакари учествуваат на младинското ЕП на Треска

Од седум репрезентативци, на ова првенство на кое Македонија е домаќин шестмина се од Велес

Петар Печков

Од денес четврток  до недела на реката Треска се одржува Младинското Европско првенство. Меѓу стотината учесници од 20-тина држави,  се и шестмина велешани, членови на репрезентацијата на Македонија.

До 18 години возат  Златанов Александар, Димитар Велков и  Мартин Лазаровски. Додека до 23 години се Игор Стефаноски и Борче Мирчевски. Единствениот репрезентативец кој не е од Велес е Иван Делиев кој ќе вози во возрасна категорија до 23 год. 

Има и една натпреварувачка и таа е велешанка Христина Бабунска која ќе вози во категоријата до 18 год. Сите тие се натпреваруваат во К-1 и 3хК-1.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »