Петар Печков
Објавено: среда, 16 септември 2020
Во текот на вчерашниот ден во Велес има регистрирано шест нови случаи на заразени лица со ковид-19, кои што се објавени денес. Има и еден оздравен. Во велешко има 22 активни случаи.
Има шест случаи на лица со корона вирус. Четири од нив се жени, две се заразиле од членови на семејството, една од работа во Скопје, една од работното место. Двајца се мажи, едниот не може да каже како се заразил додека вториот кажа дека со ковид-19 се здобил на летување во Охрид. Има и еден оздравен кој беше на домашно лекување - соопштија од Центарот за јавно здравје.
Во велешко досега се заразиле 295 лица, 258 оздравеле а 15 починале. Од активните случи 14 биле на домашно лекување а седум на Инфективно одделение од велешка Болница.
На Инфективно одделение има 12 пациенти и сите се потврдено позитивни. Едно лице, пациентка од Свети Николе е пуштена дома откако беше негативна на два последователни теста од земениот брис- кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |