Петар Печков
Објавено: сабота, 20 февруари 2016
Најавите дека оваа пролет фудбалскиот прволигаш Шкендија од Тетово , нејзините натпревари ќе ги игра во Велес, пропаднаа. Управата на тетовци се предомисли, откако ФФМ им наложил да не присуствува организирано, нивната навивачка група, по што Шкендија решила да игра во Кичево, каде настапуваше и есенва.
Тетовци како вовед минатата недела на Градски одиграа контролен натпревар со екипата на Влазерими од Кичево. Причина што Фудбалската Федерација не дозволува во Велес да доаѓаат организирани навивачки групи е што на стадионот не постојат услови за нивно одвоено следење на натпреварот, туку треба да бидат заедно со останатите присутни.
Ова доаѓа по ланскиот инцидент, кога Вардаровите навивачи предизвикаа сериозен инцидент. Така останува можноста единствено скопски работнички во вториот дел од првенството да настапи на Градски во Велес, бидејќи тој нема организирана навивачка група.
Причина што одделени прволигаши сакаат да играат на Градски в о Велес е теренот и вештачката трева, поради што има добри услови за фудбал, додека на останатите стадиони теренот е во лоша состојба.
Tweet |