Петар Печков
Објавено: вторник, 16 февруари 2016
Моделот Биљана Шкортова (24) од Велес е прогласена за трета придружничка на интернационалниот избор "Леди јуниверс".
Изборот Леди јуниверс" се одржа викендов, во Софија, Бугарија и се организира за прв пат.
На него учествувале 18 девојки. Победила претставничката на Бугарија, прва придружничка е убавицата од Русија, додека втора придружничка е претставничката на Португалија.
Имаше многу убави девојки и пресреќна сум што ја освоив оваа титула. Добив многу понуди за учество на други избори - вели Биљана.
Tweet |