Петар Печков
Објавено: среда, 21 мај 2025
Вчеравечер шлепер излетал од патот, приклучокот на експресниот пат Градско –Прилеп. Возачот минал со лесни повреди, но собораќајот бил во прекин пет и пол часа.
„На 20.05.2025 околу 19.50 часот во СВР Велес е пријавено дека на исклучокот од експресниот пат Прилеп-Градско кон автопатот Градско-Скопје, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41 год) од Скопје, удрило во метална еластична ограда и сообракајни знаци“ - – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
„Околу 20ч. примен е повик за повредено лице од излетано возило. Дежурната екипа била упатена на местото на настанот, констарирани се огреботни, нагмечувања и пренесено е на ургентен во велешка болница“ – кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за итна помош при ЈЗУ Здравсвтен дом Велес.
Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес“. Во периодот од 20.10 часот на 20.05.2025, до 01.20 часот на 21.05.2025, патничкиот и товарниот сообраќај на експресниот пат беше во прекин и беше пренасочен по регионалниот.
| Tweet |




