Петар Печков
Објавено: среда, 29 април 2015
Александар Шопов е новиот претседател на Основен суд Велес. Ова е одлука на Судскиот совет, донесена не неговата денешна седница, на која се избирале и други претседатели по Основните судови во земјава.
Според претставник на Судскиот совет, Шопов имал најмногу поени во однос на другите кандидати, што е во согласност со начинот на избор на оваа функција.
Судијата Шопов (35 год) досега постапуваше по трговски, стечајни, ликвидациони предмети а судија во Основен суд Велес е од 25 март 2010 година.
Тој доаѓа на упразнетото место претседател, по пензионирањето на Јордан Лазаров пред една година досега функцијата в.д претседател ја вршеше судијката Валентина Петровска.
Tweet |