речник контакт

Шофер во Дервен го оштетил претпријатието за 2,5 илјади евра

Т.С. (43 год) не доставил извештаи за потрошеното гориво поради што се гони за кривично дело ,,затајување,,

Петар Печков

МВР информираше дека  СВР Велес  поднесе кривична пријава против лицето Т.С. (43) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.

 Пријавениот искористувајќи ја својата положба како возач во Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, при извршување на своите работни задачи подигал,задолжувал картици за гориво за службеното возило при што истите ненавремено ги раздолжувал, не доставувал уредни извештаи за потрошеното гориво по месеци со што го оштетил ЈКП Дервен за сума од 150.874 денари. 

Во февруари 2016 година, при изготвување на завршна сметка, од страна на сметководственото одделение во ЈКП „Дервен“ бил констатиран кусок од 86.399 денари, за кој пријавениот немал доставено извештај за потрошено гориво, односно, не се раздолжил со задолжените подигнати картици за гориво. 

Против истиот била поведена дисциплинска постапка по што со решение бил задолжен да го раздолжи кусокот. Но, наместо да постапи по решението, пријавениот продолжил со дејствието  на подигање картици за гориво а само делумно раздолжувајќи се за истите, при што во февруари 2017 година од страна на сметководственото одделение било констатирано дека долгот пораснал во износ од 150 874 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »