Петар Печков
Објавено: петок, 11 септември 2026
Од оваа година локалната власт преку Јавен повик ќе ги изнајмува штандовите на Питијадата. По реакциите дека исти биле цените и за тие до бината и тие на крајот од редицата штандови, организаторот одлучи изнајмувањето да биде со различни цени, во зависност од местоположбата на штандот.
„Одлучивме да направиме корекција на досегашниот начин на функционирање. Со оваа одлука сметаме дека е по фер и поправична распределбата. Тие што се поблиску до бината плаќат повисока цена. Ако има пријавено повеќе заинтересирани за иста локација, ќе има јавно наддавање“ – кажа Александра Иванова од организациониот одбор на Питијадата.
Цента е највисока 120 илјади за просторот на паркингот десно од бината, по 30 илјaди се двата штадна први од лeво и деcно од бината, по 24 илјади се трите следни штанда лево и десно од бината, а сите останати е по 18 илјади денари.
Дополнително со оваа одлука се определуваат локации за штандовите за Базарот и цената, која е две илјади денари за сите три дена плус илјада за аплицарање.
Има и локации за поставување на рекламни штандови, чија цена е шест илјади денари за површина од 5 м2 за сите три дена.
Се забранува поставување на тезги, штандови, рекламен материјал и друга опрема на површини кои не се предвидени во Графичкиот приказ, што беше чест пример изминатите години кога имаше се и сешто по пристапните улици до штандовите на Питијадата.
„Целта ни е да манифестацитја да изгледа убаво и културно а не како панаѓур“ – дополни Иванова.
| Tweet |




