Петар Печков
Објавено: среда, 25 мај 2011
Во чест на некогашниот празник на младоста, 25 мај на овој ден од центарот на Велес во 10 часот тргна штафетата на малдост.
Таа два часа патуваше со велосипед до Скопје, каде напладне се одржа свеченост. Организацијата на настанот е од Сојузот на Титови леви сили.
Штафетната палка е реплика на таа од 1987-та година, кога за последен пат тргна и тоа од Прилеп. Истовремено делегација од организаторот положи цвеќе пред спомен плочата со Титов потпис во центарот на градот.
Tweet |