речник контакт

Штедливи светилки за училиштето од Градско

Проектот е на Вардарски Плански регион

Петар Печков

Основните училишта во Градско и Демир Капија добија ново економично осветлување, во рамките на проект за енергетската ефикасност. Двете училишни згради на  Даме Груев до Градско и Димче Ангелов Габерот од Демир Капија преку   целосна замена  на осветлувањето  имаат  нови еко - штедливи светилки. 

Основна цел на овој проект е Подобрување на условите за образование во руралните општини од ВПР и нивно доближување кон условите во урбаните општини, преку решавање на инфраструктурите потреби. Се очекува со овие интервенции да се заштедат до 30 отсто од потрошувачката на електрична  енергија по основ на осветлување во овие училишта – вели Александар Бузалков директор на Вардарскиот Плански регион, кој го реализираше овој проект, чија  вредноста  е 900 илјади денари. Финансиран е од Министерството за локална самоуправа и  Биро за регионален развој.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »