Петар Печков
Објавено: среда, 22 август 2012
Од невремето од град, кое го зафати селото велешкото село Ораовец на24 јуни годинава уништен е голем дел од родот на грозјето и помал на тутунот. Постапувајќи по 19-те барања од оштетени граѓани, поднесени до локалната власт, Советот на општината едногласно ја прифати проценката. Со неа се констатира дека ан 9,5 хектари лозје и на 0,12 ха тутун направена е голема штета која достигнува некаде и до 70 отсто од културите. Оваа проценка е доставена до Владата, заради обезбедување финансиски средства за санирање на штетите од невремето. Во период од 20-тина минути градот го уништил родот на жителите од село Ораовец.
Tweet |