Петар Печков
Објавено: вторник, 09 април 2019
Комисијата за проценка на штетите го поднесе извештајот за штетите од ланското невреме, кое го зафана велешко во средината на јуни. Проценката е дека поројниот дожд, градот, ветерот и невремето направиле ,,обемна,, штета констатирала Комисијата, од 40 милиони денари.
Кај физичките лица штетата е 24,5 милиони денари на 1.364,7 ха а кај правните лица штетата е 15,5 милиони денари на површина од 1.103 ха. Невремето кое се случи на 16-ти јуни минатата година ги зафана во велешко селата Иванковци, Мамутчево, Бузалково, Раштани, Кумарино, Лугунци, Сујаклари, Белештевица, Чолошево, Новачани, Ново село, Р`левци, С`лп и Велес.
При тоа стигнале дури 388 пријави за сторена штета на 2,46 илјади хектари површина од 771 парцела. Невремето се случи во период кога вегетацијата на културите беше во пол ек, некои култури во почетна фаза на берба, што резултира со големи штети. Тие се констатирани кај: јачмен, пченица, пченка, овес, анасон, грашок, лозје, дињи, малини, капини, кајсии, сливи, грав, тутун и кромид.
Овој извештај ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ги обесштети земјоделците со дел од сторените штети на културите. Бидејќи законодавецот го зголеми рокот за изработка на елаборатот од 60 на 360 дена, тој затоа, сега по девет месеци се најде пред велешките советници.
По населени места состојбата е следна: Иванковци 135 пријави за 358 парцели, 1278 ха, штета од 17.024.690 денари, Мамутчево 88 пријави за 137 парцели со површина 390 ха и штета од 7.637.650 денари, Бузалково 56 пријави на 91 парцела со 87,7 површина и штета од 2.005.514 денари, Раштани 45 пријави на 70 парцели со 148,9 ха површина и штета од 5.586.102 денари, Кумарино 25 пријави на 59 парцели на површина од 100,1 ха и штета од 1.346.399 денари, Лугунци 21пријави за 21 пријава од 140,8 ха површина и штета од 2.344.496 денари, Новачани една пријава за една парцела и 94 ха површина со штета од 2.291.250 денари, Велес со 6 пријави за девет парцели и површина од 42,41 ха и штета од 797.576 денари, Сујаклари со 5 пријави за седум парцели и површина од 179,2 ха и штета од 3.869.341 денари, Челошево 2 пријави за 4 парцели со 2,6 ха површина и штета од 18635,3 денари, со по една пријава беа жители од Рлевци и штета од 47.572 денари, Слп 27.251 и Белештевица со штета од 10026,3 денари.
Tweet |