Петар Печков
Објавено: вторник, 19 февруари 2013
На 18.02.2013 година, во 01,00 часот, во Велес, во куќата на М.Ј.(29), дошол нејзиниот пријател Ј.Т.(22) од Штип со кого била во љубовна врска, при што настанала вербална расправија во која Ј.Т. физички ја нападнал М.Ј., удирајќи ја со тупаници по главата и телото, а потоа со нож и нанел две убодни рани во пределот на рацете и колено, од што истата паднала на подот. М.Ј. е пренесена во Медицински центар Велес за укажување лекарска помош, а СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на Ј.Т. и расчистување на случајот.
Tweet |