Петар Печков
Објавено: среда, 14 јули 2021
Штипјанецот кој со остар предмет ја нападна малолетната невенчана сопруга во Велес, ОЈО Велес го гони за убиство во обид и му е определeнa мерка притвор. ОЈО Велес донело Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – Убиство во обид при вршење на семејно насилство.
„На 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел оштетената три пати и тоа во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата“ – соопштија од ОЈО.
Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднел предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот бил прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Според портпаролот на велешка Болница 17 годишниот пaциенt, кој бил донесен кај нив вчера, имал посекотини и по дaвањето нa неопходната помош, пуштена била на домашно лекување.
Tweet |