Петар Печков
Објавено: вторник, 21 април 2026
Одбојкарите на ОК Штип УГД поведоа со 2:0 и се на чекор до првата титула. Тие вчеравечер победија во Велес, во салата Гемиџии со максимални 3:0. По сетови првиот и третиот беа израмнети 26:24 и 25:23 додека во вторите гостите супериорни 25:14. Во сите елементи гостите подобри, велешани во првиот сет почнаа фуриозни со водство до 7:1, имаа и 21:19 предност, но не и умеење да ја задржат. Останува дилемата што ќе беше ако Ивковиќ во првиот сет при нерешено 23:23 на чиста позиција , фудбалски жаргон да ја пласира топката во празната мрежа, тој го промаши не бранетото поле на гостите, смечуваше од мрежа во аут. Така штипјани поведоа до 24:23 предност која ја искористија за освојување на првиот сет. Слично беше и во третиот кога при еден сервис на штипјани, лошата проценка на одбојкарите на ОК Борец од задна линија, не реагираа и топката падна во поле, барем половина метар. Така гостите поведоа 23:22, предност која ја сочуваа за славје. Третиот веќе и решавачки натпревар се игра в петок во Штип од 19ч. кога домаќинот со победа, а по прикажаното досега и очекувано ќе стане нов првак на Македонија во одбојка.
Победа за екипата на КМФ Кеги моби во продолжението од првенството на Првата лига. Во натпревар од 16 коло го победија КМФ Клими со 1:5. Играа како гости во Кавадарци, иако средбата требаше да се игра во Велес во салта Гемиџии, но во терминот влетаа одбојкарите, во разигрувањето за титула, па КМФ Кеги моби мораше да се сели. Со оваа победа тие се со големи шанси да останат втори на табелата. Во следното коло, претпоследно, гостуваат на екипата на КМФ Јувентус Серава.
фото Радица Дукова
| Tweet |




